За еко-иновации ќе може да се аплицира почнувајќи од 28 април, па се до септември. Се работи за Програмата за конкурентност и иновативност ЦИП, еко-иновации на Европската комисија, а фирмите ќе имаат можност да ги доставуваат апликациите во следните пет месеци. Програмата предвидува вкупно 40 милиони евра, средства за кофинансирање исклучиво иновативни проекти. Половина од сумата е практично инвестиција на самата компанија. Комората обезбедува обуки за фирмите на кои им недостасува институционална поддршка. Според неа банкарскиот сектор ќе им излезе во пресрет на домашните компании кои сакаат да конкурираат за ЦИП програмата, ќе им овозможи поволни услови за успешно да ги покријат предвидените 50 отсто од планираната инвестиција.
За еко-иновации ќе може да се аплицира почнувајќи од 28 април, па се до септември. Се работи за Програмата за конкурентност и иновативност ЦИП, еко-иновации на Европската комисија, а фирмите ќе имаат можност да ги доставуваат апликациите во следните пет месеци, соопштија вчера од Стопанската комора на Македонија.
- Програмата предвидува вкупно 40 милиони евра, средства за кофинансирање исклучиво иновативни проекти. Половина од сумата е практично инвестиција на самата компанија, рече на прес-конференција Јадранка Аризанковска, директор во Стопанската комора, и додаде дека Комората обезбедува обуки за фирмите на кои им недостасува институционална поддршка.
Според неа банкарскиот сектор ќе им излезе во пресрет на домашните компании кои сакаат да конкурираат за ЦИП програмата, ќе им овозможи поволни услови за успешно да ги покријат предвидените 50 отсто од планираната инвестиција.
Од минатата недела Македонија може да се вклучи и во ЕУ Програмата за интелигентна енергија која за 2011 година изнесува 58 милиони евра. Услов е проектите да се однесуваат на искористување обновливи извори енергија и на енергетска ефикасност.